За вакцинација на децата на возраст од 12-16 години родителот односно старателот ќе треба да закаже термин на страната vakcinacija.mk, од денес до четврток, а потоа ќе се поделат термините за имунизацијата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Ова мора да биде вака бидејќи во една вијала на вакцината на „Фајзер“ има шест дози, што значи дека кога ќе се отвори треба да се вакцинираат 6 деца. Затоа е потребно да се направат термини, ако се јави едно или две деца имаме голем ризик да одреден број вијали се фрлат. Родителите/старателите ќе може да го направат пријавувањето до четврток, и понатаму од петок ќе почне и апликацијата на вакцините, појасни Филипче.
Вакцината на „Фајзер“ е единствена дозволена да се дава на оваа категорија лица, засновано на препораката на Европската агенција за лекови (ЕМА).
Strugaonline
Facebook Коментари