Новиот филм на нашиот режисер Милчо Манчевски насловен како „Крајот на времето“ освои престижна награда на фестивалот Аспен Шортфест 2017 кој од 4-ти до 9-ти април се одржа во САД.
Манчевски ја доби наградата ,,Елен” која носи 2,500 долари. Наградата е востановена во чест на Елен Кохнер Хант, основач и поранешна директорка на фестивалот во Аспен, Колорадо, еден од најреномираните фестивали на краткометражен филм во светот кои се квалификуваат за наградата Оскар.
,,Крајот на времето” е краток филм снимен во Сан Антонио де лос бањос на Куба, а постпродукцијата во Њујорк и Македонија. Ова е една од првите американско-кубански копродукции, која почна пред неодамнешното затоплување на односите меѓу двете земји.
Facebook Коментари