ФООМ објави конкурс за доделување грантови за поддршка на ад-хок иницијативи на граѓански организации, неформални групи, коалиции и локални активистички јадра кои дејствуваат во Република Македонија

- Македонија
1471
 

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) по трет пат го објавува  конкурсот за доделување грантови за поддршка на ад-хок иницијативи на граѓански организации, неформални групи, коалиции и локални активистички јадра кои дејствуваат во Република Македонија и кои преку своите проекти ќе придонесат за унапредување на локалната демократија и социјалната кохезија на локално, регионално и национално ниво.


Во  конкурсот стои:

„Овој вид грантови ќе обезбеди поддршка за спроведување локални иницијативи со кои ќе се засили гласот на граѓанското општество во врска со прашањата од интерес на граѓаните на локално, регионално и национално ниво. Максималниот износ на грантот за ад-хок иницијативи е 6.000 американски долари. Вкупниот фонд за грантови во 2017 година е 120.000 американски долари, од кои во првите два рока беа доделени 20 гранта за поддршка на ад-хок иницијативи во вкупен износ од 105.545 УСД . Рокот за поднесување пријави за поддршка на ад-хок иницијативи за овој конкурс е 15 август 2017 година до 16.00 часот.

ФООМ ќе поддржи предлог проекти кои се иновативни во пристапот, кои имаат потенцијал за постигнување видливо влијание и кои притоа:
• ги промовираат вредностите на отвореното општество;
• покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и развиваат ефективни стратегии за ангажирање на граѓаните;
• обработуваат комплексни прашања поврзани со актуелните реформски и општествени состојби;
• промовираат интегрaтивен пристап со фокус на заедниците, родот и лицата со посебни потреби;
• нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките;
• применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите.„

Сите линкови за пријавување како и подетални информации за  конкурсот и условте за пријавување можете да ги добиете ТУКА.

Извор:fosm.mk

Facebook Коментари