Формирани мобилни тимови на Црвен крст за набавки на неопходни продукти за лица во самоизолација
Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека се формирани мобилни тимови на Црвен крст чија задача е да вршат неопходна набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самоизолација и истите да ги достават до домовите. Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош. Сервисната услуга на мобилните тимови на Црвениот крст е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите кои ќе треба да им се набават. Мобилните тимови овозможуваат поддршка на лицата на кои таа им е најнеопходна и кои поради мерките и препораките за заштита и превенција од коронавирусот не можат да ги напуштаат своите домови.
Во продолжение контактите по градови:
ООЦК/ЦКГС |
Број за контакт |
Временска рамка на функционирање |
| Битола | 047 236 019 | 08 – 12 часот |
| Делчево | 033 412 010 | 09 – 13 часот |
| Велес | 078 254 729, 075 272 485, 075 247 637 | 08 – 18 часот |
| Кавадарци | 070 239 352 | |
| Кичево | 045 225 324 | 08:30 – 12 часот |
| Кочани | 071 373 677 | 09 – 14 часот |
| Крушево | 071 379 920 | 08 – 12 часот |
| Охрид | 046 261 909, 070 315 309, 13 112 | 08 – 16 часот |
| Свети Николе | 032 443 171, 074 600 171 | 08 – 13 часот |
| Струга | 071 398 424 | 08 – 12 часот |
| Струмица | 071 345 901 | 10 – 12 часот |
| Тетово | 044 336 374 | 09 – 15 часот |
| Штип | 074 203 030 | 08 – 16 часот |
| Црвен крст на град Скопје – Тим за бездомници | 02 3096 227 | 08:30 – 12:30 |
| Чаир | 070 208 383, 02 2621 924 | 08:30 – 12:30 |
| Карпош | 071 349 230, 02 3068 806 | 08:30 – 12:30 |
| Кисела Вода | 071 349 225, 02 3211 417 | 08:30 – 12:30 |
| Гази Баба | 071 243 078, 02 2529 153 | 08:30 – 12:30 |
| Центар | 070 297 166, 02 3115 029 | 08:30 – 12:30 |
| Куманово | 075/207-126 и 077/719-494 | 08 – 16 часот |
| Крива Паланка | 078 303 060 | |
| Радовиш | 072 277177 | |
| Гостивар | 042 216 488 | |
| Валандово | 071239849, 078325978 | 10 – 14 часот |
| Гевгелија | 071-714-105 | |
| Демир Хисар | 047-276-861; 071-505-724 | 8.30 – 14.30 |
Strugaonline

