На социјалните мрежи се шири иницијатива за прославување на најголениот Христијански празник Велигден во која се вели сите православни христијани, на ден Велигден, односно на 18-ти април на полноќ да излезат на своите балкони и прозори со свеќа во рака.
„Драги Македонци од Православна Христијанска Вероисповед,
Ве повикуваме на ден 18.04.2020 год, сабота во 23:00 часот, сите да излезете на вашите: прозорци, балкони, дворови, со свеќа во рака да го дочекаме големиот празник Велигден. Точно на полноќ со почетокот на биењето на камбаните, сите во еден глас да ја пренесеме радоста за Христовото Воскресение“ – стои во иницијативата.
Strugaonline
Facebook Коментари