ГОДИШНО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА СОЈУЗОТ НА БОРЦИ НА МАКЕДОНИЈА

- Македонија
1275

На 5 декември во Скопје се одржа редовното изборно собрание на Сојузот на борците на Македонија, каде Извршниот одбор избра претседател и тројца потпретседатели на Сојузот.

На местото од досегашната в-д претседател Вера Бунтеска, која два мандати беше на чело на ова организација, eдногласно сите делегати за претседател го избраа еден од живите борци Д-р Никола Стојаноски, а за потпретседател Гоце Георгиески актуелниот претседател на општинската организација на борци од Охрид и Дебарца,Боро Зафировски и Елена Јованоска Грујоска – ни изјави претседателот на општинската организација на борци од Струга Ајредин Мемети, кој ја водеше седницата се до избор на новиот претседател. Tој истакна дека на Собранието присуствуваа сите претседатели на основните организации на борците на република Македонија и голем број гости.

На крајот од седницата новиот претседател борецот д-р Никола Стојаноски им се заблагодари за довербата.

Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари