Голема Крводарителска акција во чест на Тоше Проески -25 јануари Дом на АРМ

- Македонија
1392

По четиринаесети пат ќе биде организирана голема крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден. Организатори на крводарителската акција се Црвениот крст на град Скопје, Општинска организација на Црвен крст Гази Баба, Институтот за Трансфузиона медицина со поддршка на Тоше фан Македонија и фондација Тоше Проески. Поддршка на акцијата ќе дадат членовите на Клуб 25- Скопје и волонтерите на ЦК Гази Баба.

„Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваат крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин.“

Крводарителската акција ќе се одржи на 25-јанури во период од 09:00 до 17:00 часот во Дом на АРМ во Скопје.

Strugaonline

Facebook Коментари