Груевски има уште една недела да ја формира новата влада

- Македонија
818

nikola-gruevski

Мандатарот Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која на последните предвремени парламентарни избори освои мнозинство од 51 пратеник, наспроти СДСМ со 49, го троши 20-дневниот рок за преговори за формирање собраниско мнозинство со кое би составил влада.

Тој досега имаше една оикофицијална средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Двајцата лидери разменија мислења за актуелната политичка ситуација по изборите и за претстојните предизвици во тој правец“, соопштија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по средбата.

Ахмети имаше и средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев на која начелно било разговарано за ставовите што ги застапуваат двете страни во овој период.

Вчера, портпаролот на ДУИ Бујар Османи изјави дека при формирањето нова влада треба да се почитува принципот „победник во македонскиот со победник во албанскиот блок“, обвинувајќи ги медиумите дека вршат притисок за непочитување на овој принцип.

Во изминатиов период трите партии на Албанците од Македонија објавија платформа која ќе биде услов за влегување во коалиција со која било македонска политичка партија. ВМРО-ДПМНЕ неколку пати повтори дека за нив неприфатливи се барањата за двојазичноста и за продолжувањето на мандатот на Специјалното јавно обвинителство. За овие две прашања ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да преговора.

Facebook Коментари