Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит на Дебарско-кичевската епархија

- Македонија
339

Неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија беше едногласно избран за нов митрополит Дебарско-кичевската епархија, пренесува Литургија.мк.

Тој е избран на местото на упокоениот митрополит Тимотеј. Денот на ракополагањето во епископски чин на игуменот Георгиј ќе биде дополнително објавен.

Отец Георгиј (Ѓоко Ѓоргевски) е поранешен декан на Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и поранешен амбасадор во Ватикан. Замонашен е на 27 мај, следниот ден, 28 мај е избран за јероѓакон, а на 29 мај за јеромонах.

StrugaOnline

Facebook Коментари