Иванов денеска ќе го додели мандатот за формирање влада

- Македонија
874

ivanov

Претседателот Ѓорге Иванов денеска треба да му го додели мандатот на кандидатот на партија или на партии коj ќе успее да собере 61 потпис дека има мнозинство да формира влада.

По конституирањето на новото Собрание, односно верифицирањеto на мандатите на сите 120 избрани пратеници на 30 декември, се исполни законскиот услов да почне да тече рокот за формирање влада.

Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието, рок кој истекува денеска, мандатот за состав на новата влада да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Мандатарот во рок од 20 дена до Собранието поднесува програма и го предлага составот на Владата. Откако тоа ќе го направи, Собранието ја избира Владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако во тој период мандатарот не успее да состави влада, тогаш се повторува целата постапка со друг мандатар.

На предвремените парламентарни избори на 11 декември коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеничко место, СДСМ во коалиција со граѓански активисти освои 49 мандати, ДУИ – 10, Движењето Беса – 5, Алијансата за Албанците – 3 и ДПА – две пратенички места.

Facebook Коментари