Избрани 18 романи во првата селекција за наградата ,,Роман на годината“

- Македонија
425

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 41 роман, избирајќи 18 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Избрани дела во првата селекција на конкурсот Роман на годината“ за 2020 година

„Лето во кое те нема“ – Петар Андоновски, „Или – Или“„Шрапнел“, Игор Анѓелков, „Или – Или“

„Суво мастило“, Владимир Илиевски, „Македоника литера“

„Скриени желби, немирни патувања“, Владимир Јанковски, „Антолог“

„Ши“, Сашо Кокаланов, „Или – Или“

„Витезот и византијката“, Кица Колбе, „Или-Или“

„Сфинга на гневот“, Жарко Кујунџиски, „Антолог“

„Приказна за трите града“, Митко Маџунков, „Три“

„Фантомско стапало“, Блаже Миневски, „Матица македонска“

„Највисокото дно“, Марија Митева, „Полица“

„На враќање“, Фросина Пармаковска, „Или-Или“

„Лазарка“, Љупчо Петрески, „Арс Либрис“

„Боксерот од Ново маало“, Владимир Плавевски, „Арс Либрис“

„Курвински хроники“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“

„Тито, мојот претпоследен херој“, Зоран Спасов – Ѕоф, „Попули“

„Генералот и пеперугата“, Луан Старова, „МАНУ“

„Куќа над брановите“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума

„Случајот Чернобог“, Катерина Шошко, „Антолог“

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22. пат.

Facebook Коментари