Изработен е извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките на УНЕСКО

- Македонија
872

Министерството за култура на Република Македонија информира дека е изработен Извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Истиот е изготвен од страна на Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија во координација со ресорните министерства, институции и општини, согласно Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, која се однесува на состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион (донесена на 41-та сесија – Краков, Полска, 2017 година). Извештајот беше усвоен од страна на Владата на Република Македонија на нејзината 54-та седница, одржана на 13-ти февруари 2018 година и доставен до Центарот за светско наследство на УНЕСКО на 15-ти февруари 2018 година.

– Владата на Република Македонија со ресорните органи и институции, со посебен интерес и внимание ги разгледа и ревидираше активностите предвидени во Охридскиот регион и носењето на одлуки, кои што треба да овозможат баланс за идниот развој на регионот, темелен на зачувување на историски исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство на Охридскиот регион како светско наследство, информираат од Министерството за култура.

Извештајот што беше доставен до Центарот за светско наследство на УНЕСКО на 15 февруари 2018 година може да се погледне и сочува преку оваа ВРСКА

извор: Министерство за култура

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари