Според извештајот на ИЈЗ за период 17-23 август 2020 година се бележи намалување на бројот на новодијагностицирани со ковид-19 и процентот на позитивни од тестирани.-информираат од Министерството за здравство.
Регистрирани сe вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата и намалување од 7,0 отсто, во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=281; 33,5 отсто). Во овој период, бројот на новопотврдени случаи е под 20 лица, во 16 града во земјата.
Процентот на позитивни од тестирани изнесува 7.5 отсто, што претставува намалување од 0,3 отсто во однос на претходната недела. Овој индикатор и натаму покажува тренд на намалување, во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10 отсто, 9.4 отсто, 8.6 отсто и 7.8 отсто. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, и во овој период најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 205 (24,4 отсто) позитивни. Голем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=151; 18,0 отсто), 40-49 (n=142; 16,9 отсто) и 20-29 (n=140; 16,7 отсто) . Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=20; 2,4 отсто) и 10-19 години (n=49; 5,8 отсто).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=807; 96,2 отсто), регистрирани се 119 (14,7 отсто) хоспитализирани, а кај 239 (29,8 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број нови случаи, 307 (38,3 отсто) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 29 лица со историја на патување во последни 14 дена
Во споменатиот период, по добиени два негативни теста за присуство на COVID-19, како оздравени се водат 554 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 513 помалку во однос на претходната недела.
Според извештајот на ИЈЗ, пријавени се 19 смртни случаи од шест градови или два повеќе во однос на претходната недела и сите се на возраст над 60 години. Од нив, 16 биле хоспитализирани, а три лица починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 16 починати лица.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари