Јаневска: Пролетен распуст повеќе нема да има, анкетите на родителите покажаа дека не сакаат

- Македонија
330

Пролетниот распуст за учениците нема да има, најави денеска новата министерка за образование и наука Весна Јаневска.

Таа рече дека ваквата одлука е донесена согласно анкетите што се направени со родителите и постарите ученици.

– Нема да има пролетен распуст. Стручните анкети на родителите покажаа дека не сакаат, но и на повозрасните ученици, така што следната година нема да има пауза на пролет, изјави Весна Јаневска.

Пролетниот распуст беше применет за прв пат годинава. Одлуката на Министерството за образование и култура беше оваа пауза да биде 7 дена, односно од 29-ти април до 5-ти мај.

Facebook Коментари