Пратеници на СДСМ во собраниска процедура го доставија Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, кој предвидува задолжително пензионирање на 64 години возраст и 15 години пензиски стаж.- соопшти денеска на прес-конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата
Тој информираше дека поради недостиг на одредени стручни кадри и потребата од ефикасно продолжување на работниот процес, исклучок од правилото за пензионирање на 64 години возраст 15 години пензиски стаж ќе има во секторите здравство и високо образование, каде што работниот стаж ќе може да се продолжува година за година, но најмногу до 67 години возраст.
„Согласно предложените измени во Законот за здравствена заштита заради непречено вршење на здравствената дејност директорот на здравствената установа по претходна согласност на здравствениот работник односно соработник, еднаш годишно донесува одлука за продолжување на договорот за вработување на здравствениот работник или соработник кој ги исполнил условите за стекнување на старосна пензија најмногу до 67 години возраст.
Ваквата одлука задолжително ќе мора да ја потврди и министерот за здравство.
Во законот за високо образование, предвидуваме дека на лице избрано во наставно-научно звање или наставно звање по негово барање и заради непречено вршење на дејноста на високообразовната установа, работодавачот еднаш годишно може да го продолжи договорот за вработување до завршување на учебната година во која ги исполнува условите за стекнување старосна пензија или најмногу до завршување на учебната година во која полни 67 години возраст.Како одговорна партија, како одговорни пратеници продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани, продолжуваме со создавање мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на живот.“ рече Митрески на прес конференција.
Facebook Коментари