Ќе се ограничи висината на наплата во приватните болници за лекување на ковид пациенти, предлогот е лекувањето да чини од 40.000 до 305.000 денари

- Македонија
315

На денешната владина седница ќе биде поднесен предлог за измени во законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе им се ограничи висината на наплата на финансиски средства за лекување ковид пациенти во време на криза и вонредна состојба.

– Предлогот на Законот е цените во приватните болници да бидат изедначени со рефернтните цени утврдени од Фондот, односно дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти да се движи од 40.000 до 305.000 денари, информираше министерот за здравсто Венко Филипче.

Одлуката за ваквиот предлог доаѓа по реакциите на граѓаните за превисоките цени во приватните болници и постојаните апели кои се шират на социјалните мрежи за донирање на финансиски средства за лица кои од ковид 19 се лекуваат во приватното здравство.

Strugaonline

Facebook Коментари