Лев банер Десен банер

Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за рестриктивни мерки за празниците

Комисијата за заразни болести денеска  одлучува дали за престојните празници ќе се намали работното време на угостителските објекти и дали ќе се воведат нови рестриктивни мерки со цел да се спречи натамошно ширење на вирусот COVID-19.

Од Независната угостителска комора (НУК) информираа дека доставиле официјално барање до Комисијата за заразни болести за учество на работниот состанок.

– Со нашето учество бараме да ни се овозможи да ги слушнеме грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести поради кои сака да ги усвои најавените рестриктивни мерки и истовремено да ни дозволи и овозможи пред истите да ги достави до Владата и да ги објави да ни овозможи да укажеме за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија, туку и за сите граѓани на нашата држава, велат од НУК.

Инспекторите најавија засилени контроли пред и за време на новогодишните празници, а МВР ги следи огласите за издавање објекти за праниците.

error: