Лев банер Десен банер

Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите ковид мерки, освен носењето маска

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.

Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Комисијата за заразни болести истакнува дека на дневна основа ја следи состојбата со ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.

error: