Ковид статистика-Денеска е регистриран само 1 нов случај

- Македонија
503

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е 1 нов случај на КОВИД-1 од Куманово.
Регистрирани се 204 оздравени пациент од:Скопје – 77, Куманово – 25, Охрид – 19, Битола – 11, Струмица – 9, Тетово и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Гостивар, Штип и Струга – по 5, Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3, Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Македонска Каменица  – по 1.
Пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г).Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.

Facebook Коментари