Ракометната репрезентација на Македонија победнички ги започна квалификациите за Европското првенство 2020 година. На домашен терен, во Битола, нашите ракометари ја совладаа екипата на Турција со резултат 31:27
Само во воведните десет минути од натпреварот беа „израмнети“ силите на теренот, односно Турција успеваше да им парира на нашите ракометари кои сосема оправдано важеа за фаворити. Потоа раководството со играта го имаше Македонија. На крајот од првиот дел имавме +4 (17:13)
Мал пад во динамиката на играта нашите репрезентативци имаа само на десет минути пред крајот на мечот кога Турција се доближи на 3 негатива , а крајниот резултат беше 31:27
Следниот меч го играме во недела на гостински терен во Грција.
Strugaonline
Фото: архива
Facebook Коментари