Сè додека не се разјасни каков ќе биде составот на евентуалната идна владина коалиција, Собранието останува врз својот прв човек – спикерот кој треба најдоцна до понеделник да ги распише редовните локални избори. Од Државната изборна комисија велат дека последниот датум за тоа е 6 март, со што би се испочитувал и законскиот рок за изборите да се одржат во првата половина од мај.
Според Изборниот законик, откако претседателот на Собранието ќе ги распише локалните избори, почнуваат да течат и роковите за подготовка на изборите и нивното спроведување.
извор: Алсат М
Facebook Коментари