Македонија ќе добие 8000 вакцини против ковид-19 од Србија

- Македонија
469

Македонија ќе добие 8000 вакцини против ковид-19 како помош од Србија во снабдувањето со вакцини против коронавирусот, информираше денеска премиерот Зоран Заев.

Тој ја поздрави одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ  и истата ја оцени како добар знак на солидарност.

„Понудената помош од Србија ја прифативме и ќе добиеме 8000 вакцини од Фајзер. Ова е добар чин на солидарност на нашиот сосед, пријателството продолжува. Првите вакцини ќе се за здравствените работници, за семејствата кои имале член позитивен на Ковид-19, хронично болните лица“, рече премиерот Заев.

Премиерот додаде дека не се исклучува можноста од Србија да добиеме  вакцини и од други производители, како и дека во текот на денешниот ден ќе бидат утврдени деталите.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари