Македонија и официјално е ставена на листата земји кои може да извезуваат свежо говедско месо во Европската унија, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.
– Од 7 март, кога Македонија е и официјално ставена на листата, нашите компании од месната индустрија и кланиците може да извезуваат говедско не само во земјите на ЕУ, туку и во трети земји. Ова значи освојување нови пазари, но и шанса повеќе за реализирање нови домашни и странски инвестиции во секторот и веќе има информации, дека странски компании се заинтересирани за влез во примарното производство, истакна Поповски.
– Бројот на говеда во земјава се зголемува. Се увезуваат се повеќе високопродуктивни млечни раси, а ова е можност да се зголемат и висококвалитетните товни раси. Потенцијалот е огромен, потенцира Поповски.
Facebook Коментари