Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без победник 1:1 (0:1) против Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Во рамките на Ј групата, Белгија го имаше поседот, повеќе удари кон голто на Димитиревски и повеќе корнери, но Македонија имаше повеќе зрели шанси и еден поништен гол, поради минимален офсајд.
Де Кујпер го отвори резултатот во 29.минута и на тој начин сурово ги казни промашувањата на македонските репрезнетативци.
Во вториот дел Елмас постигна гол во 48.минута, ВАР веднаш се јави, долго траеше прегледувањето на ситуацијата, на крајот пресудата беше дека Илиевски бил во офсајд и влијаел на играта.
Конечно македонските фудбалери беа наградени за борбената игра во 87.минута, кога Чурлинов му асистираше на Алиоски, а овој постигна брилијантен гол.
Македонија за три дена ќе гостува во Астана, кај Казахстан, а Белгија ќе го пречека Велс.
StrugaOnline
Facebook Коментари