Македонија претставена на Интернационалната туристичка берза ИТБ Берлин

- Македонија
144
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со рекорден број коегзибитори учествува на Интернационалната туристичка берза ИТБ Берлин која се одржува од 4 до 6 март, 2025 година.
На најголемиот саем за патувања, иновации, знаење и инспирација за поместување на туристичките граници, ќе бидат промовирани македонските дестинации и туристички продукти кои ја прават Македонија конкурентна на туристичкиот пазар.
Со својата единствена разновидност и учество на 190 земји и региони, со 5 600 излагачи светската туристичка берза ИТБ Берлин ги отвори вратите за илјадници туристички посетители кои нудат атрактивни и иновативни туристички продукти.
Македонските туроператори и хотелиери со конкурентна понуда и услуги ги промовираат можностите кои ги нуди Македонија за светските патувачи.
Германскиот туристички пазар станува приоритетен, поткрепено со фактот дека туристите од Германија се во првите пет по престој во земјава, со остварени 38.000 туристички посети и 75.000 ноќевања, со реализиран 8% раст за 2024 година, споредбено со 2023 година.
StrugaOnline

Facebook Коментари