Македонските граѓани од денеска можат да патуваат во Бугарија, но само со негативен ПЦР тест

- Македонија
592

Македонските граѓани од денеска може да патуваат во соседна Бугарија со негативен ПЦР, не постар од 72 часа. Oваа можност доаѓа откако вчера бугарската влада одлучи делумно да ги олесни мерките за влез во Бугарија, но тоа важи само за неколку земји, вклучувајќи ја и нашата.

Бугарското министерство за надворешни работи вчера соопшти дека покрај граѓаните на земјава границата ќе може да ја минуваат и граѓаните на Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија, Израел и Кувајт со негативен тест ПЦР, направен во последните 72 часа.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари