Маркетите и аптеките од петок мораат да ги објавуваат цените онлајн

- Македонија
103

Во петок сите маркети, аптеки, продавници за бела техника ќе треба на своите веб страни транспаретно да ги објават цените на сите производи.

По законските измени, министерството за економија и труд на почетокот на месецов го скрои и правилникот. При објавување на цените трговците се должни да наведат име на стоката, неговата продажна цена со ДДВ, единчена цена по килограм, литар или метар, опис на стоката, достапност во продажен објект, како и редовна цена со ДДВ, а во случај на попуст, и цената со попуст и времетрањето на промоцијата. Ажурирањето на цените треба да се прави на дневна основа, секој работен ден до 10 часот наутро, со што потрошувачите ќе може во реално време да споредуваат, а очекувањата се дека на овој начин ќе се зголеми конкуренцијата и ќе се намалат цените.

StrugaOnline

Facebook Коментари