„Медена земја“ доби две нови престижни признанија

- Македонија
568

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ ја доби наградата за најдобар документарен филм што ја доделува Меѓународното здружение на филмски критичари (NSFC).

Наградите кои ги доделува ова здружение се сметаат за едни од најпрестижните во Америка.

„Медена земја“ освои уште една награда за исклучително достигнување во кинематографијата од „Cinema Eye Honors“, односно тоа е награда за снимателите Фејми Даут и Самир Љума

„Cinema Eye Honors“ е организација што признава извонредност во документарните филмови и вклучува награди за дисциплини во режирање, продукција, кинематографија и монтажа.
Наградите се доделуваат секој јануари во Њујорк

Facebook Коментари