Метео: Денеска облачно со сончеви периоди, од утре обилни дождови

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, во западните делови претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а дневната температура ќе се движи во интервал од 4 до 15 степени. За време на викендот се очекуваат врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјава. Дневната температура во сабота со максимални 9, а во недела 8 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline

