Мицкоски: Имаме ново парламентарно мнозинство

- Македонија
456

Имаме ново парламентарно мнозинство, објави синоќа првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, споделувајќи заедничка фотографија со Димитар Апасиев од Левица, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Аријанит Хоџа и Африм Гаши од БЕСА.

– Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство, напиша Мицкоски на Facebook.

Facebook Коментари