Минималната плата од март ќе изнесува 18,000 денари

- Македонија
391
80.000 граѓани во нашата земја ќе добијат најмалку 18.000 денари минимална плата во мартовската исплата.

-Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2014 година, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата. Оваа мерка ќе влијае позитивно и на останатите плати во сите други индустрии, со што ќе се подобри стандардот на сите граѓани.- напиша на својот facebook профил, премиерот Димитар Ковачески.
Тој додава дека владата продолжува со уште посилен интензитет да ја помага економијата и да создава услови за раст на платите, за извлекување на десетици илјади наши граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата.

Facebook Коментари