Министерот Филипче оствари средба со семејството на Емилија Динева

- Македонија
677

Министерот за здравство Венко Филипче утрово се сретна со семејството на Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов.

-На семејството им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста која ја покажаа во нивните најтешки моменти. Тие дадоа надеж и шанса за живот на три семејства. Тие спасија три човечки животи. Поради нив, за првпат во земјава се изведе трансплантација на срце, а два бубрега се трансплантираа кај двајца пациенти кои подолго време беа на дијализа. Пациентите се во добра и стабилна здравствена состојба. Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост. Горд сум на ова семејство.-вели министерот Филипче.

Strugaonline

Facebook Коментари