Министерство за локална самоуправа-Дигитализација на локалните услуги е главен приоритет, процесот ќе се движи забрзано

Дигитализација на локалните услуги беше тема на состанокот што Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска го одржа со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.
– Беше констатирано дека дигиталната трансформација на локално ниво е приоритет и на централно и на локално ниво и дека преку соработка на надлежните министерства за локална самоуправа и за дигитална трансформација, со ЗЕЛС и со единиците на локалната самоуправа, процесот забрзано ќе се движи напред-соопштија од Министерството за локална самоуправа.
На состанокот било истакнато дека дигитализацијата е приоритет на оваа Влада што, како што се вели во соопштението, е потврден и преку воспоставувањето на новото Министерство за дигитална трансформација кое што има мандат да ги координира сите активности за дигитална трансформација и на централно и на локално ниво.
Целта е да се олесни пристапот на граѓаните до сите услуги, да се зголеми ефикасноста, но и транспарентноста во работењето на јавниот сектор и на локално и на централно ниво.
-Крајната цел е да се обезбеди опфат на сите општини кои што ќе обезбедуваат дигитални административни услуги за граѓаните и да се овозможи единствен пристап до електронските услуги преку националниот електронски портал Е-Услуги.-потенцираат од Министерството за локална самоуправа.
Strugaonline

