Во однос на информациите што се објавуваат во дел од медиумите за конкретни датуми за воспоставување на авионските линии преку авио превозниците што оперираат од “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид” од Министерството за траспорт и врски потенцираат дека на сила се уште важи Одлуката за затворање на “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”.
„Тоа значи дека се додека не се донесе друга Одлука, аеродормите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници. Со оглед на настанатата состојба со вирусот Ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници.’ – велат од министерството за транспорт и врски
Се до донесување на нова Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, министерството апелира до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци.
Strugaonline
Facebook Коментари