Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираат од Министерството за здравство.
– Вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 13.628 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.940 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 466.451 граѓани. Со последните бројки 52% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 49% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 42% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина, додаваат од МЗ.
Facebook Коментари