Со оглед на принципите утврдени од Владата на Република Македонија дека ќе има транспарентно владеење и Влада која ќе им даде сметка на своите граѓани, Министерството за правда и Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор го објавуваат официјалниот текст на Предлогот на Законот за употреба на јазиците, кој е во собраниска процедура за усвојување.
Сите заинтересирани граѓани текстот од Предлог законот можат да го најдат на следниот линк
http://www.siofa.gov.mk/data/Predlog%20Zakon%20za%20upotreba%20na%20jazicite%20so%20obrazlozenie.doc
По усвојувањето на законот од страна на Собранието на Република Македонија, истиот ќе биде доставен на мислење до Венецијанската комисија заедно со спорните одредби кои се однесуваат со употребата на албанскиот јазик во монети и хартии од вредност, како и во униформата на армијата.
Извор: Strugaonline/Соопштение од Министерство за правда
Facebook Коментари