Министрите и високите преставници на петте земји ја одобрија Стратешката Акциона Програма за басенот на реката Дрим во Југоисточна Европа

- Македонија
634

Високите преставници на петте држави од Дримскиот басен денеска на виртуелен начин ја потпишаа Заедничката Изјава со која ја одобрија Стратешката Акциона Програма (САП) за одржливо управување со поширокиот Дримски Басен со што се носи директна придобивка за 1,6  милиони  жители во сливот. Споделен помеѓу Албанија, Грција, Косово, Црна Гора и Северна Македонија, басенот на реката Дрим дава водени ресурси за пиење, за производство на енергија, за рибарство и земјоделие, биодиверзитет, туризам и индустрија. 

Претставник од нашата земја беше  Г-дин Јани Макрадули , Заменик Министер за животна средина и просторно планирање 

Една од научените лекции од пандемијата со КОВИД-19 е дека е многу важно да се има добра прекугранина и регионална соработка. Стратешката Акциона програма за Дримскиот басен има две различни поенти, еколошка, како важен чекор кон идното заедничко управување со Дримскиот Басен и втората силна политичка порака за регионалната соработка. Би сакал да ја изразам благодарноста за поддршката дадена од страна на донаторите, партнерите и од организациите кои го имплементираат Дримскиот процес (GEF, UNDP, UNECE, GWP-Med). Длабоко верувам дека САП-от ќе води и  кон поддршка и на планираната донаторска конференција, но и кон  продолжување на активностите преку нов проект за имплеметација на самата Стратешка Акциона Програма -изјави Макрадули.

Одобрувањето на САП-от ја потрврдува политичката волја помеѓу петте држави за заеднича прекугранична работа и испраќа силна порака дека подобреното управување со водените ресурси кои придонесуваат за подобро јавно здравје и живеење, останува приоритет и продолжува да биде цел на прекугранично ниво дури и во тешки времиња како што моментално се соочуваме со COVID-19 пандемијата. Токму сегашната криза ја подвлекува важноста на водата за одржување на хигиената и во регионот и глобално

Изготвувањето на САП-от, кој што содржи преку 100 договорени законски и технички мерки, беше поддржано од страна на ГЕФ Дримскиот Проект ( Drin Project ),  кој што беше дизајниран да го реализира Меморандумот за разбирање за одржливо управување со Дримскиот басен, потпишан во Тирана на 25.Ноември 2011 година од страна на надлежните министри на земјите од Дримскиот басен. Дрим Кор групата, заедничко тело создадено за да го координира спроведувањето на Меморандумот и Експертските работни групи целосно се оперативни, со застапеност на жените од 30% и 60% од членовите во телата. Дримскиот Проект е имплементиран од страна на УНДП, а го извршува Глобалното партнерство за Води – Медитеран (GWP-Med)Европската комисија на УН за Европа (УНЕЦЕ) е партнер низ овој процес. 

Денешното потпишување на САП-от е чекор напред во имплеметацијата на Заедничката визија за одржливо управување со басенот на реката Дрим, утврдено преку Дримскиот Меморандум. 

Стратешката Акциона програма се израбутуваше во претходните повеќе од година дена преку интензивен консултативен процес со вклученост на преку 200 интересенти, вклучувајќи ги тука и преставниците на  релевантните Министерства и технички експерти. 

САП-от вклучува активности и мерки кои ги рефлектираат четирите прекугранични проблеми кои предизвикуваат голем број на негативни ефекти кон природата, општеството и економијатакако што се : загадувањето на водите, деградација на биодиверзитетотпореметување на водниот режим и преносот на седиментите, со што САП-от е прв стратешки документ за споделените водни ресурси во регионот. Овие прекугранични проблеми беа идентификувани преку научната проценка на Дримскиот басен позната како Прекугранична дијагностичка анализа. Мерките вклучени во САП-от  ќе им послужат на државите во имплементацијата на европските директиви за води и животна средина како што е Европската рамковна директива за води. 

САП-от ќе обезбеди главна платформа за информации околу координираното управување со Дримскиот Басен во наредниот период. Приоритетот на државите сега е насочен кон идентификување на извори за финансирање на имплементацијата на меркиот од САП-от, за да се осигура и обезбеди одржливото управување на Дримскиот басен .

 

Facebook Коментари