МНР: Засега нема информации за македонски граѓани погодени од земјотресот во Мексико

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, вчера попладне испрати соопштение околу состојбата после катастрофалниот земјотрес кој се случи во Мексико. Во соопштението стои:
„Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасада во САД до овој момент нема сознанија за македонски државјани погодени од земјотресот во Мексико.
Македонската амбасада во САД е во контакт со мексиканските институции за какви било нови информации.
Македонски граѓани кои евентуално се погодени од земјотресот во Мексико, можат да ја контактираат македонската амбасада во САД на следниве телефони:
00 1 202 390 7418
00 1 202 667 0501
За какви било дополнително добиени информации, МНР навремено ќе ја извести македонската јавност.“
Извор: МНР
Strugaonline

