Моловите ќе работат до 22:00 часот, ослободувањето од работа продолжува за одредена категорија граѓани

- Македонија
586

Владата на синоќешната седница заклучи дека по престанувањето на вонредната состојба, остануваат во сила мерките со кои се ослободуваат од работните обврски родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, хронично болните лица и бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома.

На седницата, меѓудругото изменет е и Протоколот за работа на моловите, па така сега тие ќе работат од 10 до 22 часот, а недела останува неработен ден.

Strugaonline

Facebook Коментари