МТСП: Пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплата на пензиите

- Македонија
503

Министерството за труд и социјална политика апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплата на пензиите на шалтерите на банките.

– Само со одговорно однесување на секој пензионер  може да го заштитиме личното и јавното здравје. Почитувањето на препораките за носење лична заштитна опрема на лицето и држење растојание од најмалку два метра додека чекате во ред пред или внатре во банките, е во интерес на сите нас, велат од министерството.

Oд денес започна етапната исплата на пензиите на шалтерите на банките, според висината на пензијата, почнувајќи од најниските. Па, така денес се спроведува исплатата на пензиите до 11 000 денари, утре ќе се исплаќаат пензии во висина од 11 001 до 14 000 денари, во среда за пензии од 14 001 до 18 000 денари и во четврток ќе се исплаќаат пензии повисоки од 18.001 денар.

Етапната исплата на пензиите е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Strugaonline

Facebook Коментари