МТСП: Породилното отсуство ќе трае до завршувањето на времените мерки

- Македонија
582

Мајките кои се на породилно отсуство треба да бидат спокојни се додека траат времените мерки тие не мора да се вратат на работа. – велат од МТСП.

За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата на Република Северна Македонија донесена  Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи (“Сл. весник на РСМ” бр. 90), во која со членот 4 е предвидено надоместокот на плата за  отсуство од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство  и посвојување, да продолжи да се исплаќа  до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот КОВИД-19.

Остварувањето на правото на надоместокот се врши преку Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Одлуката за времетраењето и завршувањето на времените мерки ја носи Владата на Република Северна Македонија, по заклучоци од Главен координативен кризен штаб кој одлучува според препораките на Комисијата за заразни болести.

Извор: МТСП

 

 

Facebook Коментари