МТСП: Се укинуваат Ковид протоколите во предучулишните установи

- Македонија
397

Владата на Република Северна Македонија на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување мна возрасни лица и лица со попреченост.

Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика,  ја известува јавноста  дека спроведувањето  и  почитувањето  на  општите  и  посебни   мерки   и   протоколи   за  заштита  од  Ковид  19 во предучилишните установи престануваат да важат. ​

Facebook Коментари