МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки од лица кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ

- Македонија
403

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја известуваат јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

-Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите. Секторот за компјутерски криминал апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност, апелираат од МВР.

Извор: МВР

StrugaOnline

Facebook Коментари