На 10 март ќе биде промовиран мјузиклот за Тоше Проески

- Македонија
980

мјузикл

На 10 март на сцената на Македонската опера и балет ќе се обединат младоста и искуството и ќе му се оддаде чест на ликот и делото на Тоше Проески.

Веќе започнаа и подготовките со кои ќе се одбележи 10 години од смртта на нашиот најпопуларен македонски пејач – најавија од МОБ.

Мјузиклот ТАЈНО МОЈА е наменет да ги мотивира младите да тргнат по стапките на Тоше, истакна министерката за култура, најавувајќи голем број проекти со кои годинава ќе се негува неговиот спомен.

Мјузиклот е замислен како љубовна приказна за двајца млади кои живеат во времето кога Тоше Проески ги правеше своите најголеми хитови, раскажува режисерот на мјузиклот Тони Михајловски.

Главните улоги во мјузиклот „Тајно моја“ ќе ги играат Антониа Гиговска и Денис Димовски, победниците на кастинг талент шоуто кое го организираше МОБ.

Во мјузиклот ќе бидат изведени петнаесетина песни од Тоше со нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски и Кокан Димушевски. Дел од спектаклот ќе бидат и хорот, оркестарот на МОБ и детското хорче Фалсето. Како автор на текстот на мјузиклот се потпишува драматургот Огнен Неделковски, а кореограф е Олга Панго.

Facebook Коментари