„Мрдни со прст“, Меѓународен сојуз Скопје и Националниот младински совет на Македонија ги покануваат сите хумани граѓани на 10 септември на Школка во Градскиот парк во Скопје од 13 до 15 часот да донираат училишен прибор.
„За жал, голем број од децата од нашите основни училишта имаат проблем со набавувањето на основните образовни материјали!
Затоа ги покануваме сите родители, грижливи браќа, сестри и дарежливи соученици да ни се придружат во собирањето на прибор, кој подоцна ќе го поделиме на оние на кои најмногу им е потребен. Ајде да мрднеме со прст! Да донираме!“ – велат организаторите
На споменатата локација, ќе бидат поставени кутии за сите кои сакаат да донираат, а според планираната програма, присутните ќе се забавуваат со Тамара Тодевска, Гоце Саф, Битрикс, Тијана Дапчевиќ, Биг Мама и многу други.
Извор: Мрдни со прст
Strugaonline
Facebook Коментари