На 150 илјади граѓани им се отпишуваат долговите за камати кон јавните претпријатија и по други основи

- Македонија
480

Владата  го утврди текстот на Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на КОВИД-19. Овој предлог-закон, како мерка за ублажување на последиците од пандемијата, беше вклучен во петтиот пакет мерки на Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, овој предлог-закон опфаќа околу 150.000 граѓани и ги уредува условите, начинот и постапката за отпишување на пресметани камати по основ на долгови на физичките лица кон државните органи и јавните институции и даночни долгови, како и репрограмирање на главниот долг и трошоците, на физичките лица кои доспеале за плаќање заклучно со денот на влегување во сила на овој закон.

– Со ова законско решение им се овозможува на граѓаните, растоварени од притисокот да ги плаќаат каматите, да ја исплатат само главницата на долгот и тоа на повеќе рати, почнувајќи од 1 јануари 2022 година, се наведува во соопштението.

Facebook Коментари