На денешен ден е роден Петре М. Андреевски, еден од најголемите македонски поети

- Македонија
319

На 25 јуни 1934 година, во селото Слоештица, Демирхисарско е роден Петре М. Андреевски, македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи.

Студираше на Филозофскиот факултет во Скопје. Работеше во Македонската телевизија. Беше уредник на списанието „Разгледи“.

„Јазли“, „И на небо и на земја“, „Дениција“, „Дални наковални“, „Пофалби и поплаки“, „Вечна куќа“, „Седмиот ден“, „Неверни години“, „Сите лица на смртта“, „Пиреј“, се само дел од неговите најпознати дела.

Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, денеска напладне во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе биде промовирана „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“. Промотори на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, ќе бидат Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска.

Strugaonline

фото архива

Facebook Коментари