На 3 мај 1945 година е утврдена македонската азбука како официјално и единствено писмо на македонскиот јазик.
Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела решение за утврдување на македонската азбука . Азбуката првпат била отпечатена во весникот „ Нова Македонија“ број 104, на 4 мај 1945 година.
Министерскиот совет на НР Македонија, по повеќемесечна работа на неколку комисии, врз основа на Резолуцијата на последната Комисија за јазик и правопис при Министерството за народна просвета, во состав: Венко Марковски, поет; Васил Иљоски, директор на гимназија; Мирко Павловски, професор; Блаже Конески, лектор; Круме Тошев, шеф на стручните школи; Иван Мазов, уредник на „Млад борец”; Густав Влахов, публицист; Владо Малески, директор на радио Скопје; Киро Х. Василев, публицист и капетан Илија Топаловски, началник на пропагандното одделение на Главниот штаб, го усвои нејзиниот графемски состав.
Македонската азбука е заснована врз фонетскиот принцип, што значи за секој одделен глас во јазикот има буква во азбуката.
Facebook Коментари