На денешен ден во 1967 година е прогласена автокефалноста на МПЦ

- Македонија
309

На денешен ден во 1967 година во Охрид на Третиот црковно-народен собор, Светиот Синод на Македонската православна црква, донел одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија.

Одлуката ја соопштил новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј (Димитрија Стојковски). По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г. Гаврил (Ѓорѓи Милошевски), г. Михаил (Методи Гогов) и г.г. Стефан (Стојан Велјановски).

Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква беше завршен на Светата Архиерејска Литургија, отслужена во црквата на „Пресвета Богородица Перивлепта“ на 19-ти јули 1967 година.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари