На наменската сметка на Министерството за здравство за донации досега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, изрази голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата.
Филипче информираше дека на наменската сметка на Министерството за здравство за донации досега пристигнати се средства во висина од 59.300.000 денари. Донациите во опрема и добра за вклучуваат медицинска опрема за потребите на Инфективната клиника, Клиниката за детски болести, Клиника за неврохирургија, КАРИЛ, како и за други здравствени институции.
„Особена благодарност упатувам за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот.“ – рече Филипче.
Strugaonline

